ЗОШТО CFM ИЗОЛАТОТ ВЛАДЕЕ ВО СВЕТОТ НА ПРОТЕИНИТЕ? - NutriShop.mk

ЗОШТО CFM ИЗОЛАТОТ ВЛАДЕЕ ВО СВЕТОТ НА ПРОТЕИНИТЕ?

Протеинот од сурутка е еден од двете поголеми групи на протеини најдени во млекото и е најквалитетен извор на протеин.

Crossfit fitness gym weight lifting bar by woman and man group workout

Како бипродукт од производството на сирење сурутката во својата оригинална форма е течност која содржи помалку од 1% протеин и повеке од 93% вода.

При понатамошна обработка протеинот се издвојува од водата со што се добива протеин во прашкаста форма кој со процес на ултрафилтрација се одвојува од лактозата и минералите. Со овој процес се добива концентрат протеин од сурутка кој содржи од 35% до 50% протеин, проценти што можат да се зголемат со помош на диафилтрација и до 80% протеин.

Со потребата за почист протеин 80%-от концентрат протеин со процес на микрофилтрација (CFM-cross flow microfiltration) доаѓа до одвојување на сурутката од мастите со што се добива изолат протеинот од сурутка.

Изолат протеинот од сурутка е најчистата форма на протеин со екстремна количина (<90%) протеин во доза и со голема редукција на масти, лактоза и шеќери. Изолат протеинот исто така се добива и при хемиски процес на јоноизменување во кој се користи pH прилагодување за да се постигне протеинска сепарација.

Зошто CFM изолатот од сурутка е супериорна форма на протеин?

Микрофилтрираниот протеин изолат за разлика од јоноизменувачкиот не е денатурализиран со што се задржуваат биопептидите кои се субфракции на протеинот важни за имунолошкиот систем и биоактивноста на протеините. CFM изолатот има највисоко ниво на неденатурализиран протеин од 99%.

Биолошката вредност е најголема кај изолат протеинот тестирана од BV методот, со кој се мери нивото на азот апсорбиран во организмот од протеинот. Азотниот баланс во организмот е она што ни овозможува градење на мускулната масa.

Видови на протеин              Биолошка вредност

Изолат протеин од сурутка                              159
Концентрат протеин од сурутка                      104
Јајце                                                                  100
Млеко                                                                  91
Белка од јајце                                                     88
Пилешко месо                                                    79
Казеин                                                                 77
Соја                                                                     74

68f1d7f8d430dc52aa4ce697cb64a141

PURE WHEY ISOLATE 95 содржи 100% ЦФМ веј протеин изолат, кој покажува
рекордна биолошка вредност (БВ 159), висока стапка на апсорпција
како и БЦАА и Л-глутамин содржина. PURE WHEY ISOLATE 95 е силен активатор
на мускулните протеински синтези и последователно придонесува
во градењето на мускулна маса. Производот ја суплементира Вашата
диета со протеини од суштинско значење, безмасни и без шеќери,
кои помагааш во изградбата на атлетско и мускулесто тело без ризик
од развивање на прекумерно масно ткиво.

PURE WHEY ISOLATE 95
ултра брз протеин совршен за брзо опоравување
и градење на чиста мускулна маса
30г протеин |0г јаглехидрати|159 БВ
– во 1 порција 35г

Консумирајте 1 до 3 порции дневно. Наутро по будењето, помеѓу оброците и после тренинг. 1 оброк-30грама измешајте ги во 100-150мл вода и консумирајте го веднаш по спремањето.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *