Путер од кикирики- една од најдобрите намирници - NutriShop.mk

Путер од кикирики- една од најдобрите намирници

И покрај тоа што се работи за маст, путер од кикирики е еден од најомилените намирници на лекарите и нутриционистите.

Без сомнение, тоа е една од најпознатите хранливи комбинации од протеини и добри незаситени масни киселини, кои на човечкото тело му носи бројни поволности.

Во продолжение ви ги откриваме позитивните страни на путерот од кикирики:

Одличен извор на протеини

Image result for peanut butter

Кикириките инаку се фантастичен извор на протеини, а ова се однесува и за нивната интересна варијанта за конзумирање- путер од кикирики.

Дефинитивно е многу тешко да се најде намирница која може да се мачка и единствена од која две лажици содржат околу 7 грама протеини.

Богатство на добри масти

Сите масти не се штетни за човечкото тело, дури некои од нив се многу здрави и важни за здравјето на луѓето.

Таков е случајот на незаситени масни киселини кои се наоѓаат во путерот од кикирики, кој меѓу другото го чуваат срцето и кардиоваскуларниот систем, па дури и помагаат во губење на тежината.

Богатство на влакна

Влакната се уште еден многу важен елемент во исхраната и може да се најдат во голема мера во путерот од кикирики.

Две лажици, исто така овозможуваат 2 грама растителни влакна, кои подоцна помагаат во варењето на храната полесно, но исто така, даваат чувство на ситост.

Значителни количини на калиум

Image result for peanut butter

Внес на калиум е од суштинско значење за здравјето на луѓето, особено затоа што претставува антитеза на натриум и го намалува неговото присуство.

Инаку, натриум сите внесуваат преку различни нездрави намирници, кои обично се омилени кај луѓето поради вкусот.

Одличен извор на витамини и минерали

Кога велиме дека споменатата мерка од две лажици, овозможува и внес од 3 милиграми витамин Е, витамин Б6 0,17 грама, околу 49 грама магнезиум и мали количини на цинк, станува јасно зошто со сите претходно наведени елементи, путерот од кикирики е толку препорачлива намирница, која треба често да се има на менито.

Image result for peanut butter

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *