БЦАА – Зошто се овие аминокиселини важни за вашиот организам? - NutriShop.mk

БЦАА – Зошто се овие аминокиселини важни за вашиот организам?

БЦАА се едни од најчесто употребуваните суплементи од страна на активните спортисти и спортските ентузијасти. Но, голем дел од луѓето не се целосно запознаени со нивните својства и огромната улога што ја имаат во одржувањето на здрав и витален организам. Овие аминокиселини се есенцијални за нашиот организам и помагаат при градење на мускулна маса, ослободување од вишокот масти и килограми, опоравување на мускулниот систем по физички активности, како и при зголемување на силата, издржливоста и енергијата.

Што се всушност БЦАА?
БЦАА (BCAA – Branched Chain Amino Acid) е назив кој се користи за аминокиселините со разгранет ланец – леуцин, изолеуцин и валин. Тоа се 3 од вкупно 9 есенцијални аминокиселини кои мораме да ги внесуваме преку исхраната за да овозможиме беспрекорна функција на нашиот организам. БЦАА имаат различна хемиска структура од другите аминокиселини и играат огромна улога во одржувањето на здравјето на физички активните луѓе.

Bcaa
Леуцин – има клучна улога во стимулирањето на синтезата на протеини во мускулите и поттикнувањето на мускулен раст. На физички активните луѓе им се потребни 16 милиграми леуцин по килограм телесна тежина.
Изолеуцин – исто како и леуцинот, оваа аминокиселина ја зголемува синтезата на протеини, со тоа што дополнително ја зголемува апсорпцијата на гликоза и ја регулира нејзината употреба за време на физичките активности. На тој начин изолеуцинот ја подобрува издржливоста и енергијата. Дневниот препорачан внес на изолеуцин е 12 милиграми по килограм телесна тежина.
Валин – ги подобрува опоравувањето и растот на мускулите, регулирајќи ги нивоата на гликоза во крвта и стимулирајќи го централниот нервен систем. Валинот игра голема улога во функцијата на централниот нервен и когнитивен систем заради тоа што учествува во регулирањето и транспортот на молекули низ мозочните мембрани. Се препорачува 16 милиграми валин по килограм телесна тежина за сите кои се физички активни.

Како да ги зголемите нивоата на БЦАА во организмот?
Леуцинот, изолеуцинот и валинот се присутни во голем дел од храната што секојдневно ја внесуваме, а најмногу во белките од јајца, протеинот од соја, црвеното месо, месото од живина, рибите и млечните производи. Меѓутоа, кога сме физички активни, потребата на телото од овие аминокиселини ја надминува количината што можеме да ја внесеме на дневно ниво преку исхрана и затоа е потребно да го зголемиме внесот преку суплементи.

bcaanutri

Како БЦАА дејствуваат на различните процеси во телото?
Овие 3 есенцијални аминокиселини активно учествуваат во телесните процеси кои се поврзани со фитнесот и другите спортови.
Градење мускулна маса
БЦАА се дел од основните суплементи кои се користат во фитнесот и бодибилдингот заради нивната улога во синтезата на протеини во мускулите, намалувањето на мускулната болка и забрзувањето на процесот на опоравување на мускулното ткиво. Благодарение на нивната комплексна хемиска структура овие аминокиселини се апсорбираат директно во мускулите, за разлика од другите аминокиселини кои се апсорбираат преку дигестивниот систем. Освен тоа, тие се единствените аминокиселини кои мускулите можат да ги користат како директен извор на енергија која им е потребна додека вежбате. Користењето на БЦАА во облик на суплементи пред или за време на тренинг ќе ви помогне да спречите појава на мускулен катаболизам и да го максимизирате мускулниот раст.

bcaaa

Забрзано опоравување
При кој било тип на вежби, телото поминува низ физички стрес кој влијае на мускулниот систем и го поттикнува да се зацврсти. Овој процес предизвикува намалување на нивоата на леуцин, изолеуцин и валин во крвта и мускулите, што резултира со болка и чувствителност во деновите по вежбањето. За да се опорават, на мускулите им е потребна синтеза на протеини, што можете да ја поттикнете со зголемен внес на БЦАА преку комбинација од правилна исхрана и суплементи.
Зголемена енергија и издржливост
Иако општото мислење е дека БЦАА се користат исклучиво за градење мускулна маса, тие играат еднакво голема улога во зголемувањето на енергијата и издржливоста во спортовите како што се трчање, велосипедизам и аеробни вежби. При ваквите активности, главниот извор на енергија на телото е гликозата. Таа доаѓа преку директни извори на јаглехидрати, од оброкот што ќе го консумирате пред да вежбате или пак од резервите на гликоген во црниот дроб. Кога овие резерви ќе се потрошат, телото почнува да бара друг извор на енергија, а тоа се мускулите. Тогаш настапува состојба на катаболизам, кога протеините од мускулите се разградуваат и нивоата на БЦАА драстично опаѓаат. Ако ваквата состојба настапи додека вежбате, и вие продолжите да го форсирате телото да издржи уште физички напор, ризикувате силна мускулна болка, повреда, како и трајни мускулни оштетувања.

Намалување на телесните масти
Консумирањето на БЦАА пред, за време на тренинг или после тоа, поттикнува претворање на мастите во чиста мускулна маса, а чистата мускулна маса поттикнува согорување на масните наслаги. Кога се водите според режим на исхрана за намалување на телесни масти подолго време, телото почнува интензивно да ги складира и тие малку масти кои ги внесувате, и кога тренирате не ги троши како извор на енергија. Тогаш ги користи аминокиселините за енергија, со што предизвикува катаболизам. Но, ако му обезбедите доволна количина БЦАА, ќе го спречите овој процес и ќе го поттикнете телото повторно да ги разбива масните наслаги и да ја црпи енергијата од нив.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *