Зошто на вашето тело му е потребен глутамин? - NutriShop.mk

Зошто на вашето тело му е потребен глутамин?

Повеќе од 60% од скелетните мускули во телото се составени од глутамин, па така изгледот и функцијата на мускулниот систем во голема мера зависи од концентрацијата на оваа аминокиселина во телото. Но, покрај изгледот, глутаминот влијае и на вашето здравје. При интензивните тренинзи резервите на глутамин се трошат, и ако не ги надополнувате можете да предизвикате пад на имунитетот.

Кога нивоата на глутамин ќе опаднат, телото ја губи силата и потребно му е многу време за да се опорави, и понекогаш се потребни дури 5-6 дена за овие нивоа да се вратат во нормала. Ова се должи на фактот што глутаминот помага во надополнување на резервите на гликоген, а тој е извор на енергија во телото. Глутаминот исто така е примарен транспортер на азот, а азотот е одговорен за синтезата на протеини, како и за создавањето на соединенија и аминокиселини кои влијаат на хормоните, на мозочните функции и на имунолошкиот систем.

Откако скелетните мускули ќе го синтетизираат глутаминот, тој се раствора во крвотокот и се транспортира до бубрезите, црниот дроб, тенкото црево и до клетките на имунолошкиот систем, каде што белите крвни зрнца го користат за одржување на имунитетот на телото. Сите овие својства го прават глутаминот исклучително важна аминокиселина која им е потребна на сите, а особено на физички активните луѓе.

nutrishop


Зошто е потребно да се зема глутамин како суплемент во редовната исхрана?

Недостатокот од глутамин предизвикува намалување на чистата мускулна маса и го зголемува ризикот од заболувања. Затоа се препорачува одржување на неговите нивоа во облик на додаток во исхраната, особено кога сакате да ја намалите телесната тежина без да ѝ наштетите на мускулната маса. Но, користењето на глутамин носи уште многу други бенефити:
  • Поголема сила
Ги покачува нивоата на гликоген и со тоа му обезбедува на телото поголем извор на енергија и сила. Во комбинација со Л-карнитин и јаглехидрати го намалува чувството на умор по интензивни физички активности.
  • Поголема издржливост
Ја зголемува издржливоста на мускулниот систем и придонесува кон поефикасни тренинзи.
  • Побрзо опоравување
Го намалува времето на опоравување и болките по вежбањето. Помага во одржувањето на волуменот на клетките и хидратацијата, со што го забрзува и времето на заздравување од повреди.
  • Зголемена чиста мускулна маса
Во комбинација со редовни тренинзи, глутаминот помага во зголемувањето на чиста мускулна маса. Ако се консумира во комбинација со протеини (казеин или whey) тој ја зголемува нивната синтеза во мускулите. Глутаминот исто така помага во спречување на губењето мускулна маса за време на подолги паузи од тренинзи.
  • Поздраво срце
Ги зголемува нивоата на хормоните кои влијаат на работата на срцето и на крвниот притисок.
  • Подобрена функција на дигестивниот систем
Глутаминот е еден од најважните нутриенти за цревата и ја подобрува нивната функција. Истражувањата дури покажуваат дека внесувањето на 1,6 грама глутамин дневно во текот на 4 недели има 92% ефект во лечењето на чиреви.

nutrii111


Во колкава количина треба да земате глутамин?
Оние кои вежбаат редовно и интензивно, би требало да земаат 10 до 15 грама глутамин дневно – 2 до 3 пати по доза од околу 5 грама. Имајте во предвид дека внесувате глутамин и преку другите суплементи кои го имаат во нивниот состав. Затоа секогаш читајте го составот и вклучете ги информациите кога ја мерите количината на глутамин која ја внесувате на дневно ниво. Глутаминот можете да го земате наутро, после тренинг и навечер, пред спиење.
Дали земањето на глутамин како суплемент предизвикува нуспојави?
Глутаминот е природна аминокиселина на телото и сè додека го купувате од проверени производители не треба да се грижите околу појавата на нуспојави од негово користење. Но, како и со се друго, и со глутаминот не треба да се претерува. Преголемата количина може да предизвика чувствителност во стомакот и нарушена функција на цревата, па затоа држете се до препорачаните дози.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *