Омега 3 Есенцијални Масни Киселини - Што Треба Да Знаете За Нив?! - NutriShop.mk

Омега 3 Есенцијални Масни Киселини – Што Треба Да Знаете За Нив?!

Омега 3 масните киселини се неопходни за нормален метаболизам. Човечкото тело не е способно да синтетизира самостојно Омега 3 масни киселини,па затоа тие мораат да се внесат преку исхраната или со суплементација. Постојат 3 вида на омега масни киселини кои се важни за човечката физиологија :

  • Алфа линоленската киселина или скратено ALA
  • Еикосапантеноичната киселина или скратено EPA
  • Докосахексаноичната киселина или скратено DHA

ALA се наоѓа во растителните масла,додека EPA и DHA се наоѓаат во маслата од животинско потекло.
Нив може да ги консумира секој и луѓе кои не е бават со спорт и оние кои се бават ,дали активно,аматерски или професионално, со спорт. Имаат големи бенефити врз превенцијата и подобрувањето на здравјето кај луѓето. Најголем дел од здравствените бенефити доаѓаат од DHA и EPA масните киселини.
Дел од тие здравствени бенефити се :
– Помагаа при намалувањето на телесните масти т.е. триглицеридити
– Го покачуваат нивото на HDL холестеролот(добриот холестерол)
– Го намалуваат крвниот притисок
– Ги намалуваат воспаленијата во телото и ткивата
– Го подобруваат менталното здравје
– Ја помагаат и одржуваат мозочната функција
– Ги намалуваат мастите во црниот дроб
– Го подобруваат здравјето на зглобовите и коските
– Помагаат за подобар сон
– Го подобруваат видот
– Намалуваат болки во зглобовите

Omega-3

Врз регулирањето и намалувањето на телесната тежина делуваат така што го намалуваат создавањето на VLDL (very low density lipoproteins) во црниот дроб и го забрзуваат оксидирањето на триглицеридите во митохондриите на клетките. Триглицеридите се мастите кои се депонирани во телото,најчесто од прекумерно внесување на нездрави(сатурирани) масти и јаглехидрати.
Во една 3 неделна студија поделени се две групи на испитаници, едната која е ставена на 2,8 грама на Омега 3 суплементација со рестрикција на калории и редовно вежбање и втората група која е ставена само на рестрикција на калории и редовно вежбање. Првата група на која е давано суплементација од Омега 3 масни киселини намалиле 1,5 кг телесна тежина за 3 недели во однос на другата група која е без суплементација.
Бидејќи го забрзуваат метаболизамот на мастите,најдобро е да се консумираат пред вежбање за подобри ефекти.
Пример за ефикасноста на двете Омега 3 масни киселини DHA и EPA ќе го земеме домородното население на Гренланд, Инуитите. Нивната исхрана се состои од 40% масти,но бројот на луѓе кои заболуваат од кардиоваскуларни заболувања(најчеста причина се вишокот на масти во телото) е многу мал. Причината? Голем процент од тие 40% масти кои ги консумираат паѓаат на исхраната со DHA и EPA Омега 3 масните киселини т.е.исхраната богата со риба.

Препорачаната дневна доза е 1,6 грама на ден за мажи и 1,1 грам на ден за жени на алфа линоленската киселина.Додека за DHA и EPA дневните дози не се целосно утврдени, меѓутоа препорачливо е дозирањето да биде негде од 2000-4000 мг на ден распоредено со оброци.
Според Европската Агенција за храна 5000мг на Омега 3 на ден е безбедно да се консумира,меѓутоа земањето на поголеми дози на ден не дава дополнителни ефекти.
Важно е да се знае дека е потребно време за да почнат суплементите да делуваат,просекот негде е 2000-3000 мг на EPA и DHA на ден земено како суплемент е потребно 8-12 недели за значителни резултати. Така да не очекувајте топење масти за една недела или од десетина дози. Земањето на помали дози од 2000-4000 мг на DHA и EPA има мал или скоро никаков ефект врз намалувањето на триглицеридите.

omega3-foods-720x480
Најбогата храна со Омега 3 масни киселини се : рибите ( посебно лососот и сардините ), зрната од чиа и лен , говедското месо,лешниците итн.Најголема концентрација на Омега 3 има во лососот и сардините,затоа не се фокусирајте на земање Омега 3 само од суплементи,туку барем двапати неделно консумирајте свежо приготвен лосос или сардини. Во 85 грама ленено семе има 11 грама на Омега 3.
Важно е да се напомене дека земањето Омега 3 без физичка активност и средена диета,има помали и поспори ефекти врз намалувањето на телесните масти.
Исто така важно е да се знае дека прекумерното консумирање на Омега 3 може да предизвика вртоглавици,повраќање,дијареа,поджригнување,надуваност во стомакот,здив со мирис и вкус на риба и го намалува способноста за ефективно коагулирање на крвта при крварење( овие нуспојави се јавуваат со прекумерно земање на Омега 3 капсули над 8-10 и повеќе на ден).

_main2_pushup_3
Затоа држете се до препорачаните дози,консумирајте Омега 3 преку суплементи и исхрана редовно и одговорно,бидите физички активни и избегнувајте ги додадените шеќери и транс мастите.
Стандардните Омега 3 капсули се обично со доза од 1000мг на Омега 3 масни киселини од кои 300мг спаѓаат на DHA и EPA. Во нашите дистрибутивни центри ќе најдете Olimp Nutrition Omega 3 Gold Sport Edition капсули со концентрирана доза на DHA( 1800 мг на 100г) и EPA( 1200мг на 100г) која ги задоволува дневните оптимални потреби на Омега 3 масните киселини.
Една капсула од Olimp Nutrition Omega 3 Gold Sport Edition содржи 9,7 калории , 1000мг на масти од кои EPA 330mg и DHA 220 mg.
Доколку немате земано Омега 3 предходно ,почните со една капсула на ден. Постепено, за месец дена може да зголемите на 2-3 на ден и евентуално да одржувате до 4 капсули на ден што е оптималната концентрација потребна за да се постигнат ефектите на Омега 3. Доколку ги земате 4 капсули на ден,препорачуваме да ги распоредите во текот на денот и тоа со оброци,пример две насабајле и две попладне.
Луѓе кои се алергични на риба не е препорачливо да консумираат Омега 3 без консултација со лекар.

 

Автор: Душан Стојанов

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *