Како до дефинирани стомачни мускули, без класичните вежби за стомачни! - NutriShop.mk

Како до дефинирани стомачни мускули, без класичните вежби за стомачни!

Стомачните мускули се едни од најинатливите мускули кога станува збор за нивна дефиниција.

Сите сакаме да ги имаме , посебно за летните одмори. Бидејќи абдоминалните мускули се навикнати на константен стрес( постојано го држат телото исправено заедно со грбните,помагаат при одењето, итн) затоа е потребен поголем напор за нивна дефиниција. За да стигнете до посакуваниот six pack потребни се две работи : правилна исхрана и доволен стрест кој ќе предизвика хипертрофија на абдоминалните мускули.

Да земеме дека сте ја средиле исхраната и дека нивото на телесни депонирани масти е околу 10%(кога веќе почнуваат да се познаваат стомачните),сега ви останува само да ги ставите под стрес  т.е. да ги вежбате. За оние кои се искусни или се на понапредно ниво,предлагам да правите кружен тренинг на стомачни како што ќе го преставам подоле,додека оние кои се почетници предлагам прво да почнат поединечно,а постепено со текот на времето да преминат на кружни тренинзи.

970bd5ada89a28050756d8b3197e6f89Кружен тренинг за абдоминални

Следниот пример за кружен тренинг на абдоминалните се прави без паузи помеѓу секоја вежба, со 20 секунди правење на таа вежба. Значи после 20 секунди правење на една вежба преминувате веднаш на следната без пауза :

  1. Russian Twist
  2. Plank
  3. Bottoms Up
  4. Alternate Hell Touches
  5. Plank Step Ups
  6. Plank Walkout
  7. Hell Touches – со двете раце истовремено
  8. Air Bike
  9. Scissors

После минута одмор предлагам за оние кои се со подобра кондиција и повисоко ниво на фитнес, да завршат со Mountain Climbers 20 секунди сет со 10 секунди одмор, така трипати.
Значи : 20 секунди Mountain Climbers , 10 секунди одмор , повторно 20 секунди Mountain Climbers , 10 секунди одмор и трет пат 20 секунди Mountain Climbers со 10 секунди одмор.Бидеји оваа вежба ги зафаќа и стомачните е совршена за завршување на тренингот.

stomacni-mitovi-fakti

Добро би било пред ваков тренинг да ги загреете стомачните  со полесни краткотрајни вежби или со правење вакуум во стомакот ( земање воздух и држење така 2-3 секунди ), бидејќи може да дојде до грчеви на абдоминалните мускули.

 

Автор: Душан Стојанов

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *