Потребни витамини со кои треба да го започнете секој ден! - NutriShop.mk

Потребни витамини со кои треба да го започнете секој ден!

Витамините преставуваат органски соединенија кои телото не може да ги синтетизира или недоволно ги синтетизира за да се задоволат дневните потреби, па мора да се снесуваат преку исхраната или преку суплементи.
Постојат 13 витамини кои му се потребни на човекото тело. Тоа се четирите витамини растворливи во масти А,Д,Е и К и други 9 витамини кои се растворливи во вода од кои 8 спаѓаат во една група позната како Б комплекс ( тука спаѓаат Б1,Б2,Б3,Б5,Б6,Б7,Б9 и Б12) и витаминот Ц.

Витамините во телото имат широк спектар на функции. Од раст и развој, до одржување на нормалните функции на клетките и метаболизамот,во создавањето на енергија во клетките потребна за дневните физички и умствени потреби,имаат улога како антиоксиданти,учествуваат во продукцијата на хемоглобинот,во одржувањето на имунитетот,во одржувањето и зајакнувањето на коските,учествуваат во обновувањето на мускулното ткиво после тренинг. Значи витамините е есенцијални за нашиот организам.

Денес ќе се фокусираме на дневната потреба на витамини за време на физичка активност како што се кардио и резистентните тренинзи и во колку дози треба да биде нивната суплементација. Најважни витамини потребни за време,пред и после физички напор се : Б комплексот, витамините Ц, А, Д и Е.

Б Комплекс

Inilah-Akibat-Kelebihan-Vitamin-B-Bagi-Kesehatan

Адвекватен внес на витамините од Б комплесот е потребен за оптимална продукција на енергија и обновување на оштетеното мускулно ткиво после тренинг. Витамините Б9 и Б12 учествуваат во продукцијата на протеини во ткивата,обновувањето и одржувањето на мускулот и нервниот систем,додека останатите витамини од Б комплексот учестуваат во продукцијата на енергија за време на тренинзите. Посебно вниманите за супментација со Б комплекс треба да посветат женските кои држат построги диети или сте вегетаријанки.
Дневните потреби на Б комплексот се следниве :
– Б1   1,2 мг на ден
– Б2   1,4 мг на ден
– Б3   16 мг на ден
– Б5   5 мг на ден
– Б6   1,4 мг на ден
– Б7   30 микрограми на ден
– Б9   400 микрограми на ден
– Б12  2,4 микрограми на ден

Дневната потреба на Б комплексот може да ја добиете само со една IRONMAXX Multivitamin..

ВИТАМИН Д

vitamindВитаминот Д е потребен за нормална апсорпција на калциумот,неговата регулација во серумот на крвта заедно со фосфорот како и за одржување на цврстината и квалитетот на коските. Исто така помага и во одржување на нормалната функција на нервниот систем и скелетната мускулатура. Посебно е потребен ка луѓе кои не консумираат млечни производи и кај луѓе кои ретко се изложени на сончева светлина. Бидејќи калциумот е потребен во метаболизамот на протеините и во минерализацијата на коскеното ткиво,суплементацијата со витамин Д е препорачлива. Дневните потребни дози на овој витамин се 5 микрограма на ден,доза која ја има во една капсула од IRONMAXX Multivitamin.

ВИТАМИН А

Food sources of beta carotene and vitamin AВитаминот А спаѓа во групата на антиоксиданти. Антоксиданти се сооединенија кои ги елиминираат слободните радикали, честички кои настануваат од секојдневниот метаболизам на клетките. Значи витаминот А учествува во одржувањето и обновувањето на клетките. Клучен е за видот(сите ко деца сме слушале дека со јадење моркови се подобрува и одржува видот, а вит А го има најмногу во морковите),има улога во имунитетот и во растот на организамот. Помага во репарацијата на оштетеното мускулно ткиво после напорни тренинзи.
Дневната потребна доза на овој витамин е 600 микрограми на ден, доза која целосно ја покрива една капсула од IRONMAXX Multivitamin.

ВИТАМИН Е

Vitamin-E

Витаминот Е исто така спаѓа во групата на антиоксиданти и тој помага во намалувањето на воспаленијата и болките во мускулите после напорен тренинг. Посебна потреба од овој витамин имаат атлети кои тренираа кондиционо( маратонци,фудбалери,кошаркари итн),ја намалува липидната пероксидација ( процес при кој слободните радикали ги одземаат електролитите од клетките, притоа уништувајќи ја нивната структура) и го забрзува времето потребно за обнова на мускулното ткиво. Дневната препорачана доза е 10 микрограма на ден.

ВИТАМИН Ц

vitamin-c-1200x630Сите знаеме за значајноста на овој витамин за одржувањето на здравјето на организамот. И тој спаѓа во групата на антиоксиданси ,што значи ја штити структурата на клетките од оксидативните процеси. Бидејќи со тренинзите се зголемува оксидативната потреба на организамот од 10 до 15 пати од нормалата, со тоа се зголемува и оксидативниот стрес на клетките од мускулите и останатите ткива. Тука настапува витаминот Ц со улогата која ја спомнав погоре.
Витаминот Ц исто така учестува и во формирањето на колагенот (основен дел на сврзните ткива),па се препорачува кај луѓе кои тренираат со поголеми тежини бидејќи со такви тренинзи доаѓа до оштетување на сврзните ткива. Помага во апсорпцијата на железото,потребно за транспорт на кислородот преку крвта. И помага во создавањето и лачењето на тестостеронот.
Значи витаминот Ц има огромна улога во нашиот организам и дневната препорачана доза е 80 мг.

Сите дневни потребни дози на овие клучни витамини ги имате во само една капсула на IRONMAXX  Multivitamin,која може да ја најдете во нашите дистрибутивни центри.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *